Репрезентативецот Миовски е во топ-форма – сам го реши големиот Шахтјор!

Фудбалскиот репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува да игра во извонредна форма, за што доказ е учинокот на денешниот пријателски меч на неговиот МТК против големиот Шахтјор Доњецк (3-0).

Македонецот беше стрелец на два погодока за својата екипа, а беше асистент при постигнување на третиот. Миовски го постигна првиот гол за унгарскиот прволигаш уште во 11 минута, а го затвори резултатот во 82. минута, додека во меѓувреме успеа да му асистира на Михочки.

Пред неколку дена, тој беше стрелец на еден од погодоците на триумфот на МТК против велешки Борец (5-1).