Македонската фудбалска репрезентација го одработи и последниот тренинг денеска во Ереван пред утрешниот четврти меч во Лигата на нации, на кој црвено-жолтите ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и практично да го заверат првото место и пласманот во плејофот за Евро 2020.

По три победи и шест бода разлика од ривалите, нормално е дека атмосферата на селекцијата е на највисоко ниво, расположението кај фудбалерите е очигледно, а што е најважно по турбуленциите со стомачниот вирус кој ја нападна соблекуваната, сите се здрави и желни да дадат придонес за нова победа.

Македонија утре ќе го има „најголемиот тест“ против главниот ривал во групата, а триумф ќе биде доказ дека селекцијата има силен капацитет преку новото натпреварување да ја израдува цела Македонија и да успее да обезбеди настап на континенталниот шампионат.