Пандев игра за „ситно“ во Џенова, Елмас е милионер!

„Газета дело спорт“ денеска ги објави буџетите за платите на сите италијански прволигаши, а со тоа и кој фудбалер, колку заработува. 

Имаме тројца македонски репрезентативци во калчото. Очекувано најдобро платен е Елиф Елмас. Младиот фудбалер годишно ќе заработува по 1,5 милиони евра во својот нов клуб, откако направи трансфер од Фенербахче за 16 милиони евра.

Нашиот капитен Горан Пандев во Џенова инкасира само 350.000 евра годишно. Ова е ситно во споредба со неговите плати во Интер и Наполи, кога беше во врвна форма. Очигледно е дека 37-годишниот Пандев во Џенова игра повеќе од задоволство, отколку за пари.

Илија Несторовски во Удинезе е петтиот најплатен играч со годишна заработка од 600.000 евра.