Македонската женска фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Франција со 7-0 во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2021 година. 

Фаворитот ја оправда својата улога и рутинирано запиша нови три бода. Уште по првите 20 минути на арената „Тодор Проески“ беше јасно кој е кој на овој натпревари, бидејќи гостинките водеа со 0-3. Ежени ле Зомер ги постигна првите два гола за Франција, еден од игра, а вториот од пенал. Мари-Антоанета Катото зголеми на 0-3. Елиса де Алмеида во 51-та минута од натпреварот го постигна четвртиот гол, а Марион Торен беше стрелец на петтиот погодок. Во финишот гостинките постигнаа уште два гола за да ја заокружат убедливата победа.

Мора да се напомене дека нашата селекција на овој натпревар беше без седум фудбалерки, кои селекторот Кирил Изорв првично ги повика за настап, бидејќи беа позитивни на Ковид-19

За Македонија ова е петти пораз на шестиот натпревар во квалификациите, а единствената победа ја остваривме против Казахстан. Франција останува перфеткна со четири победи на четири натпревари и има три бода помалку од лидерот во Групата Г, Австрија, која пак има натпревар повеќе. 

Во следното коло повторно играме со Франција, но на гостински терен на 23 октомври.