Новинарите на „Спортклуб“: Ќе бидеме најголеми навивачи на Македонија на ЕУРО 2020 (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација беше една од темите на разговор на подкастот на телевизијата „Спортклуб“. Натпреварите од квалификациите за Светското првенство одат на регионалниот тв-гигант, па новинарите од овој медиум добро се запознаени со нашата селекција. 

Тие беа воодушевени од играта на Македонија против Германија и сензационалната победа од 2-1 и најавија дека ќе бидат најголеми навивачи на нашата репрезентација на претстојното Европско првенство.