Николов: Мора да се свестиме и да се приземјиме!

Фудбалерот за врска Бобан Николов после убедливиот пораз од Австрија со 1-4 посочи дека овој пораз е катастрофа за заборав, а ни великани како Италија и Шпанија не ја надиграле вака Македонија, како што вечерва тоа го направија Австријците.

Фудбалерот на унгарски Мол Види после мечот посочи дека со ладни глави треба да се анализира овој дебакл и селекцијата да остане како фамилија, а поразот да не ја наруши атмосферата.

„Заслужено загубивме – ова беше катастрофа за заборав. Мора да го заборавиме овој пораз што е можно побрзо. Тешко ни е на сите, лошо се чувствувам. Сега ќе одам на одмор осум дена, а тој одмор ќе ми биде пекол. Убаво си поведовме, но наместо да дадеме втор гол, Австрија го сврте мечот и издоминира. Вака не не надиграла ни Шпанија, ни Италија. Сега мора прво да ги оладиме главите, а потоа да анализираме. Мора да се свестиме каде сме и што сме, да се приземјиме и да останеме како фамилија. Да не дозволиме сѐ да се распадне“, рече Николов.