Несторовски три години во „црно-белиот“ дрес на Удинезе

Илија Несторовски се договорил за тригодишен договор со калчолигашот Удинезе, пишува „Тутомеркато“.

Македонскиот репрезентативец по три сезони минати во дресот на Палермо од кои само една во Серија А, ќе ја промени средината откако клубот од Сицилија поради административна грешка следната сезона ќе игра во Серија Д или четвртата италијанска лига.

Според информациите, Несторовски и во Удинезе ќе го носи дресот со број 30, што го носеше и во редовите на Палермо. Тој во Удине доаѓа како слободен фудбалер, бидејќи сите договори на фудбалерите на Палермо се поништени откако клубот замина во најнизок ранг на натпреварување.