Несторовски: Да, имав понуда од Црвена Звезда!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во интервју за телевизијата „Аренаспорт“ призна дека имал понуда од Црвена Звезда за трансфер, но одлучил да остане во Италија. 

Со пропаѓањето на Палермо, македонскиот гоглетер како капитен на тимот стана трансфер-цел на многу клубови. Прилепчанецот имаше добри понуди, но реши да остане во Италија, односно да се пресели во Удинезе. На понудата од Црвена Звезда само и се заблагодарил, бидејќи иднината ја гледа во Серија А, која е меѓу најдобрите лиги во Европа и светот.

„Да, пред некои осум месеци се пишуваше за тоа и пред година и нешто. Имав некои контакти, имав и понуда, но само се заблагодарив. Сега моментално се гледам себе си во Италија, тука се чувствувам добро, семејството ми е тука, децата одат во училиште и учат италијански јазик. Реално мојот приоритет е да останам тука, знаеме дека италијанската лига е во Топ 5 лигите во Европа. За во иднина ќе видиме како ќе биде. Никогаш не се знае“, изјави Несторовски, кој остави простор можеби еден ден да го облече дресот на „црвено-белите“ од Белград.