Несто-гол изнуди и реализираше пенал! (ВИДЕО)

Илија Несторовски го постигна својот прв гол во дресот на Палермо по пауза од речиси два ипол месеци во Серија Б. Македонецот го донесе домашниот тим во водство од 1-0 против Фоџа со гол од пенал.

За капитенот на Палермо ова беше 11-ти сезонски погодок и го израмни своето постигнување од мината сезона во Серија А.

Голгетерскиот пост на Несторовски траеше од 15 ноември, кога погоди на гостувањето кај Авелино во победата од 1-3.