Неизвесен дуелот Ф. Острови - Македонија: Теренот замрзнат, мислиш хокеј ќе се игра! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година утре против Фарски Острови ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство, но одигрувањето на овој натпревар засега е ставен под знак прашалник.

Именo, утре во 10:00 часот, судиите и делегатот ќе извршат детална инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови - Македонија или истиот ќе биде одложен. Причина за ваквата одлука е тоа што попладнево теренот во Торшавн беше замрзнат, иако фудбалерите го одработија предвидениот попладневен тренинг. 

Македонија моментно е трета во групата со седум освоени бода, додека селекцијата на Фарски Острови се последни без ниту еден бод. Токму поради ова „црвено - жолтите“ ќе мора да извојуваат победа доколку сакаат да го задржат чекорот за пласман на ЕП. Лидер во нашата група е Шпанија, додека исто бодови со нас имааи и селекциите на Израел и на Казахстан.