Надежите до 18 години на два теста во Албанија

Македонската надежна селекција до 18 години ќе одигра утре и в четврток два пријателски мечеви со врсниците од соседна Албанија, кои се први тестови годинава за оваа селекција предводена од новиот селектор Шкумбин Арслани.

Арслани повика 22 фудбалери, меѓу нив и Гораст Стојменов, кој во изминатиот период беше во Шалке, како и Бехар Фета, кој минатиот месец имаше фантастични настапи на развојниот турнир во Скопје кога даде четири гола.

„Овој е прв наш заеднички собир со фудбалерите од генерацијата до 18 години и се надевам дека ќе се претставиме во добро издание. Сигурен сум дека ќе се потрудиме да одиграме максимално одговорно и дисциплинирано, а целта е да оствариме позитивен резултат на двата натпревари. Значајно за нас е да се увериме во квалитетот на фудбалерите, посебно од домашниот шампионат, а исто така очекуваме и играчите кои ќе добијат шанса да го искористат својот момент“, вели селекторот Арслани.

Утрешниот меч е закажан за 16 часот, додека тој в четврток ќе се одигра од 13 часот.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА ДО 18 ГОДИНИ
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Победа)
ОДБРАНА: Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Бенјамин Далипи (Хрватски Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Горазд Стојменов (Њу Старс), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петејчук (Вардар);
СРЕДЕН РЕД: Димитар Тодоровски (Работнички), Редон Ќамили (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Бехар Фета (Њу Старс), Фитон Адеми (Шкендија), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Леонид Игњатов (Вардар), Енис Мусаи (Базел, Швајцарија);
НАПАД: Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар), Атом Фазлиу (Вардар);