На Русија и се заканува исфрлање од ОИ и ЕП!

Ако им веруваме на британските медиуми, Русија би можела да биде исфрлена од Олимписките игри во Токио во 2020 година, но исто така и од Европското првенство истата година.

Имено, светската антидопинг агенција ќе одржи состанок на 9. декември на кој ќе ја разгледа препораката од независно тело кое утврди повеќе неправилности во однос на резултатите од тестот на руските спортисти од 2012 до средината на 2015 година.

Во случај на утврдување на нерегуларност, целата работа оди во Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, кој потоа ќе утврди дали Русите ќе можат да се натпреваруваат во двата најголеми спортски настани следната година.

Во тоа би биле вклучени и Параолимпијадата, покрај Олимпијадата, и Европското првенство во фудбал.

Руската фудбалска репрезентација се пласираше на ЕП, откако во својата група заврши на второто место.