На Грците повеќе им боде очи кратенката МКД на Еуро 2020, а не таа на ФФМ?!

Откако се создаде бура од јужниот сосед Грција кој се побунил на кратенката на Фудбалската федерација на Македонија, ФФМ на дресовите на националниот тим, сепак приказната за реакцијата од Атина е многу поголема на дебито на Македонија на големата сцена.

Како што брифирале дипломатски извори, на Грците им боде очи кратенката МКД, која останува и покрај промената на уставното име, која се користи на мечевите на Еуро 2020, на кое сите графики за време на мечот и во дел од официјалните документи на УЕФА се користи овој код.

Тоа што е интересно е што задржувањето на кратенката МКД е предвидена според договорот од Преспа, како и домејнот МК, ама сега Никос Дендијас, првиот човек на грчкото министерство за надворешни работи со писмо барал да се смени кратенката и тоа баш кога цела Европа ја гледа Македонија на најголемиот фудбалски шампионат.

Грците првично реагираа на кратенката на ФФМ, зошто се користи и зошто е официјално лого на репрезентацијата, а тоа не соодејствувало со промената на името, ама излезе дека ФФМ е помалиот проблем, зашто Грците изгледа се решени да го „избришат“ и кодот МКД.

Според нив, нашата земја требала да користи кратенки и акроними како НМ или РНМ.