Миовски со фантастично домашно деби во убедливиот триумф на Абердин (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, имаше фантастично деби на домашен терен во дресот на Абердин и тоа со два гола во убедливата победа над Сент Мирен (4-1).

Нашиот интернационалец прв го начна противникот со прецизен удар од белата точка во 24 минута, а петнаесетина минути подоцна го постигна и вториот гол. Миовски учествуваше во акцијата и за 3-0 пред крајот на првото полувреме, кога веќе беше јасно кој ќе ги освои трите бода.

Ритамот на мечот падна во вториот дел, а фактот што победникот веќе се знаеше беше причина што Македонецот во 71. минута се пресели на клупата. Ова беа негови први голови во шкотската Премиер лига, откако претходно затресе мрежа во Лига купот.