Милевски: Нема да ни биде лесно во Торшавн, а теренот е - замрзнат!

Младата македонска фудбалска репрезентација утре од 18 часот ќе го одигра петтиот евроквалификациски меч за пласман на Евро 2021 во Словенија и Унгарија, на гостувањето кај Фарските острови, меч кој мора да се добие во трката за висок пласман во групата.

Македонија загуби пред четири дена од Шпанија со 0-3, но многу поважен е овој дуел во битката за второто место, сооглед дека европскиот првак е апсолутен фаворит за првото место и директен пласман на континенталниот собир. Мечот со Фарските острови се игра на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн.

Нашите надежи ги сомлеа Ф. Острови во Скопје пред два месеци со триумфот со 7-1 на стартот на овој циклус и сега по четири кола има седум бода, а трет триумф во групата и фактот дека догодина имаме три домашни мечеви од петте преостанати би не ставиле на вистинскиот колосек за битката за тоа второ место од кое најдоброто води директно на ЕП, а останатите осум во бараж за пласман

„Очекувам сосема различен меч во однос на тој меч во Скопје. Фарските Острови воошто не се наивни, а тоа го покажаа во останатите мечеви. Нема да ни биде лесно, но јас се надевам дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата. Веројатно ќе има една две промени во нашиот тим во однос на мечот со Шпанија. Против Шпанците бевме одлични на тактички план, посебно во дефанзива, но имавм проблем во транзицијата од одбрана во напад. Јас сум задоволен како им се спротивставиме. Сега сè е поразчично, уловите на теренот и сè околу него е чиста импровизација, теренот е замрзнат, а ние не одработивме ни дел од програмата за тренинг“, вели Милевски во пресрет на мечот.

УЕФА поради очајните услови на теренот е известена за замрзнатиот терен.