Милевски: Не очекував вака лесна победа, но да не летнеме во облаци!

Македонија ги распарчи Фарските острови со 7-1 на стартот не новиот квалификациски циклус за пласман на Евро 2021, но селекторот Благоја Милевски посочи дека е изненаден од така високата победа, која не ја очекувал, иако признава дека е супер да се тргне на ваков начин.

Димитар Митровски со хет-трик и Дарко Чурлинов со два гола, а и обајцата со по една меѓусебна асистенција беа предвоцдници денеска во најубедливата победа на младата селекција во историјата.

„Не очекував вака лесна победа, зашто анализите покажаа дека Фарските Острови во некои сегменти се мнгу слични на Исланѓаните. Иако резултатот покажува дека е лесна победа, сепак мислам дека ние одогравме така какп што се договоривме и како што работевме и супер е секогаш да се тргне со ваков триумф во едни квалификации. Јас сум презадоволен од играта, но има уште простор за напредок“, вели Милевски.

Селекторот посочи дека вистинските тестови допрва доаѓаат, со Црна Гора на гости и со Казахстан дома, во следниот месец.

„Се сложувам дека за да го видиме капацитетот и до каде ќе биде нашиот дострел ќе бидат тие два следни мечеви. Ќе видиме и каков карактер има оваа селекција. Јас се надевам дека нема да летнеме во облаци после оваа победа. Секогаш е тешко на старт на квалификации да почнеш меч како што посакуваш, а би рекол дека тој примен гол практично ни даде една инјекција да бидеме поагресивни. Оваа победа треба да ни биде мотив плус и со поголема самодоверба да влеземе во следните мечеви“, додава Милевски.