Мечот Македонија - Косово ќе го обезбедува и косовска полиција!

Бараж натпреварот во Лигата на Нации помеѓу Македонија и Косово кој ќе се одигра на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе биде обезбедуван и од страна на косовската полиција, пишува “infosport.mk”.

Како што наведува медиумот Фудбалската федерација на Македонија во договор со колегите од Косово, ќе направи сѐ за мечот да помине во ред.

Договорот го потврди и генералниот директор на косовската полиција, Рашит Ќалај, кој истакна дека сето тоа е веќе потпишано и со претставници на македонската полиција. 

Ќалај потврдил дека ќе испрати сообраќајна  полиција и патролни возила во Скопје на 26 март, кои воедно ќе имаат за задача да ја проследат навивачката група „Дарданет“ до трибините и воедно да се грижат за ред и дисциплина на косовските навивачи.