Македонските навивачи на ова Европско првенство се хит на шампионатот, па без оглед што во Букурешт имавме наше шоу и ги импресиониравме сите, ништо полошо не е ни на амстердамнската убавица, Арената „Јохан Кројф“ каде повторно една трибина е во – црвено-жолто.

Македонците денеска уште од утрото направија фешта и се забавуваа со Холанѓаните, а снимките само уште еднаш го обиколија светот за уживањето во фудбалската игра и пријателствата што се склопуваат преку најважната споредна работа на светот.