Македонските надежи последни на „Мерцедес-купот“ во Турција

Макеоднските надежи до 17 години завршија како последни со еден освоен бод и со еден даден гол на „Мерцедес-купот“ во Турција, откако денеска на последниот меч во групата, црвено-жолтите избраници на Горан Станковски ремизираа 1-1 со втората селекција на Турција.

Македонија по поразите од Русија со 0-4 и од Шпанија со 0-2, попладнево стигна до реми и бод во групата, но тоа не им помогна премногу за да го избегнат фенерот во групата. Бекир Фета во 52-та минута беше стрелец на единствениот погодок во овие три меча во кои Македонија заврши со гол-разлика 1-7.

Инаку на „Мерцесес-купот“ во финалето ќе играат Турција и Шпанија, додека во мечот за третото место ќе играат надежите на Англија и Русија.