Македонските футсалци ќе бидат „носители“ за баражот – реваншот ќе го играат дома!

Македонската футсал репрезентација ќе биде домаќин на реваншот во баражот за пласман во главната фаза од квалификациите за Евро 2022 во Холандија, откако на претквалификацискиот турнир во Скопје пред една недела не успеа да обезбеди директен пласман како првопласирана во групта.

Футсалците денеска се најдоа во групата на „носители“ како екипи кои ревашите ќе ги играат дома, па ги дознаа потенцијалните ривали од првата група на ждрепката закажана на 13 февруари во Нион. На Македонија може да ѝ се паднат Сан Марино, Израел, Бугарија, Англија, Турција, Швајцарија или Црна Гора.

Победниците од овие баражи ќе обезбедат пласман во главната фаза од квалификациите, кои ќе се играат од јануари идната година, а ждрепката е закажана за во мај годинава. Баражите ќе се играат во периодот од 8 до 15 април годинава.

Македонија го обезбеди второто место во претквалификациите откако загуби од Норвешка со 1-2, а го победи Велс минимално со 1-0.