Македонските фудбалерки ги добија противниците за пласман на Евро 2021 (ФОТО)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе игра против Франција, Австрија, Србија и Казахстан во евроквалификацискиот циклус за пласман на Евро 2021 година во Англија, откако денеска во Нион беше извршена ждрепката за овој циклус.

Македонија нормално во ждрепката влезе од последниот барабан, па со тоа практично е тотален аутсајдер и тешко воопшто да се очекува некаква сензација од нашите девојки, без оглед на желбата која ја имаат за да направат барем и мал успех со искачување една позиција погоре од таа од која тргнуваат.

На Евро 2021 година ќе играат сите победници во деветте групи, како и трите најдобри второпласирани селекции, кои ќе ѝ се придружат на Англија на завршниот турнир. Останатите три места ќе бидат пополнети преку баражи и тоа од шесте преостанати втори селекции во групите.

Квалификациите почнуваат од 26 август до 3 септември, а потоа има термини од 30 септември до 8 октомври, од 4 до 12 ноември во оваа 2019 година, како и 2 до 11 март, 6-14 април, 1-9 јуни и 14-22 септември во 2020 година