Македонија во четврти барабан на ждрепката за Еуро 2024!

Македонија и официјално од четвртиот барабан ќе ја чека ждрепката за Европското првенство во 2024 година во Германија, закажана за 9 октомври во Франкфурт, откако вечерва не се случи чудо во Атина.

Грција ја победи С. Ирска со 3-1, а Косово го здроби Кипар (5-1), па Македонија како последна од десетката за четвртиот барабан влезе во него, оставајќи ги зад себе Словаците (поради подобра гол-разлика) и Северноирците од третопласираните да одат во петтиот барабан.

Ова значи дека Македонија на ждрепката нема да може да ги добие Турција, Грција, Грузија, Казахстан, Азербејџан, Косово, Фарски Острови и Бугарија.

Без оглед што Македонија избегна пропаст во групата на „џуџињата“, Македонија ќе стиска палци на ждрепката за да не добие безмалку невозможна група со два великани, најмногу поради фактот што Англија и Франција се во вториот барабан.