Македонија со убедлив пораз од Романија ги заврши квалификациите за ЕП

Македонската футсал репрезентација вечерва доживеа дебакл против Романија (1-9) и со пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Македонија не беше во комплетен состав, а тоа се одрази на теренот и резултатот. Футсал репрезентативците на Романија го решија мечот уште во првото полувреме, кое го добија со убедливи 6-0, а потоа ги поставија конечните 9-1.

Оливеира постигна хет-трик за Романците, по два гола дадоа Рибеиро и Валарадеш, додека по еден постигнаа Фереира и Шоч, додека почесниот погодок за Македонија го постигна Петровиќ.

Македонија заврши на последната позиција во групата 4 со два бода, додека пред нас се Романија со шест, Србија освои девет, додека Босна и Херцеговина беше убедлива во квалификациите и го освои првото место со 15 бодови.