Македонија со сите сили ќе нападне за победнички старт во квалификациите (ФОТО)

Македонија вечерва на Националната арена „Филип Втори“ против Летонија ќе ги почне квалификациите за Евро 2020, па сите посакуваат победнички старт, додека во центар на внимание ќе биде и капитенот Горан Пандев, за кого ова ќе биде 100. настап во репрезентативниот дрес.

Македонската репрезентација вечерва ќе нападне со сите сили за да почне победнички во квалификациите, а сега беше објавен и составот за вечерашната пресметка.

За Македонија на голот ќе биде Димитриевски, додека одбраната ќе биде составена од Муслиу, Алиоски, Велкоски и Ристовски. Во средината од теренот ќе играат Хасани, Николов, Барди и Трајковски, додека нападот ќе ни биде составен од Пандев и Несторовски.