Македонија се враќа: Барди израмнува и се извади за утката пред полувремето (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец за врска Енис Барди ја враќа Македонија во игра на мечот во Љубљана, откако по само три минути од второто полувреме го матираше Јан Облак за израмнување на мечот од второто коло во евроквалификациите.

Барди со голот се извади за промашениот зицер во 45-та минута пред полувремето, кога излезе сам пред Облак, но биеше над голот, иако имаше чиста ситуација уште тогаш да израмни.