Македонија против Англија во баражот за пласман во квалификациите за Евро 2022

Македонската фудтсал репрезентација ја доби Англија за противник во баражот за пласман во главната фаза од квалификациите за Евро 2022 во Холандија, по денешната ждрепка во Нион.

Македонските футсалци првиот меч со Англија ќе го одиграат на гости, а реваншот го играме на домашен терен. Мечевите за овие баражи се закажани помеѓу 6 и 15 април, а победниците од седумте баражи ќе одат во директните квалификации, за кои ждрепката е на 14 мај, а циклусот почнува од јануари догодина.

ДВОЈКИ ЗА БАРАЖ

Турција - Грција

Сан Марино - Данска

Израел - Кипар

Швајцарија - Германија

Англија - Македонија

Бугарија - Ерменија

Црна Гора - Литванија