Македонската фудбалска репрезентација вечерва доби вистинска фудбалска лекција од Австрија, па загуби со 1-4 во четвртото коло во евроквалификациите за пласман на Евро 2020 и овој пораз после 18 години е најтешкиот на домашен терен.

НИКОЛА БОГОЈЕВСКИ

Откако Полска ја прекина серијата од седум меча без пораз во изминативе две години со триумфот во петокот со 0-1, вечерва Македонија до доживеа убедливо најтешкиот домашен пораз и тоа уште од дебаклот од Словачка со 0-5 во 2001 година. Првпат после 2001 година, Македонија дома прима четири гола и губи со три разлика, иако има уште неколку порази со 0-3 пред своите гледачи во овој период.

За очајот вечерва, фудбалерите добија свирежи од публиката на Националната Арена „Тодор Проески“, а Австријците ги наградија со аплауз за фантастичниот настап.