Македонија ќе скокне за едно место на ФИФА-листата поради победата над Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите на две кола пред крајот во евроквалификациите за да извади директна виза за пласман на ЕП 2020 низ Европа, после поразот во Варшава од Полска, ама црвенопцрните поради триумфот против Словенија ќе напредуваат за едно место на месечната ранг-листа на ФИФА.

Македонија која минатиот месец се најде на 69-то место и имаше напредок после четирите бода од септемвриските мечеви за две позиции, сега дополнително ќе се искачи за уште една позиција до 68-то место со 1.344 рејтинг-поени, само 23 помалку од Словенија, која со двата порази месецов ќе назадува за цели седум позиии и ќе се најде на 65-то место на ранг-листата. На Македонија триумфот над Словенија ѝ донесе многу повеќе поени, одошто загубивме од поразот со Полска три дена подоцна, па оттаму и напредокот за едно место и новите пет рејтинг поени на контото во однос на септемвриските 1.339 за 69-то место.

Зад Македонија останува Израел на 88-то место со назадување за две позиции, а оваа земја е наш последен противник во евроквалификациите на 19 номеври во Скопје. Три дена претходно ќе се соочиме со Австрија, која практично ќе го заверува пласманот на Евро 2020, а Австријците со скок од ве позиции ќе бидат на 25-то место месецов. Најдобра селекција од нашата група останува Полска на 21-то место, кое ќе го дофати со напредок од едно место.

На врвот нема промени во првата четворка, па Белгија останува лидер пред Франција, Бразил и Англија, а Уругвај сега влегува во топ пет на местото на Португалија, која назадува за една позиција на шестото. Во топ десет се уште и Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија, кои си ги заменуваат местата во однос на минатиот месец.

ФИФА официјално оваа листа ќе ја потврди на 24 октомври (идниот четврток).