Македонија и конечно го загуби: Кулушевски дебитираше за Шведска (ФОТО+ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска без некои поголеми проблеми славеше на свој терен против Фарските Острови со 3-0, а на овој натпревар за скандинавците дебитираше и македонскиот младински репрезентативец Дејан Кулушевски, кој одлучи да ги промени репрезентативните бои.

Ако постоеше и некаква дилема дека суперталентот Кулушевски би можел да се врати во македонската фудбалска репрезентација, таквите надежи комплетно исчезнаа, откако фудбалерот на Парма влезе во 65. минута од натпреварот притв Фарски Острови.

Кулушевски досега играше за младата селекција на „викинзите“, па шанси да се премисли постоеа, иако селекророт на Македонија, Игор Ангеловски објави дека вторпат бил одбиен од калчолигашкиот фудбалер.

Младиот фудбалер пред три години беше дел од младата селекција до 16 години на Македонија, одигра неколку меча, даде четири гола против Црна Гора во триумфот со 7-0, но потоа се премисли и реши пак да игра за Шведска, каде што и е роден.