Македонија без Атанасов и Муслиу ќе се соочи против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација игра пријателски натпревар со Летонија в четврток од 18 часот во пресрет на важниот меч против Велс во квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот Благоја Милевски кажа дека против Летонија нема да ги има на располагање Атанасов и Муслиу, кои отпаднале од конкуренција за пријателскиот меч.

„Сè уште не знам дали денеска ќе тренираат сите, ќе имаме појасна слика после тренингот. Сигурно е дека Атанасов и Муслиу нема да конкурираат за утрешниот меч, се надевам дека сите останати ќе бидат подготвени“, кажа Милевски.

Македонија утре ќе ја пречека Летонија од 18 часот.