Македонецот си оди од Динамо: Адеми летово ќе го облече дресот на – Елмас?!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, летово би можел да го напушти Динамо Загреб и кариерата да ја продолжи во Турција и тоа во дресот на Фенербахче, пишуваат хрватските медиуми.

Капитенот на „модрите“ има договор до 2023 година и секогаш кога може ја изразува својата лојалност кон тимот од „Максимир“, но изминатиов период беше жестоко напаѓан поради неприфаќањето да му се намали платата поради кризата поради пандемијата со коронавирусот. Главен предуслов за негова преселба во турската престолнина е да се реализира најавеното именување на неговиот доскорешен тренер Бјелица за прв стратег на Фенер, за кој, пак, до пред извесно време настапуваше нашиот Елиф Елмас.

Ако евентуално дојде до овој трансфер, тогаш Адеми, кој на фудбалскиот пазар во моментов вреди 5,5 милиони евра, ќе добие можност да биде клупски колега со Ведат Муричи, најдобриот фудбалер на Косово, селекцијата против која Македонија ќе го одигра историскиот полуфинален бараж од Лигата на нации преку кој се надеваме на пласман на следното ЕП.