Луис Енрике им се заблагодари на сите по напуштањето на клупата на Шпанија!

Луис Енрике синоќа одлучи да си поднесе оставка од селекторска позиција на „црвената фурија“. Тој ја превезеде Шпанија по СП во Русија минатото лето, но тука се задржа помалку од очекуваното. Веќе неколку месеци не се појавуваше во јавноста, а поради приватни проблеми си поднесе оставка.

Поранешниот тренер на Барселона и се заблагодари на ФФШ поради укажаната доверба.

„Морам да ја напуштам клупата на Шпанија поради причини кои ме спречија да работам нормално. Одлучив да го напуштам местото селектор. Им благодарам на ФФШ на укажаната доверба и разбирање. Посебно им се заблагодарувам на моите помошници и фудбалери кои беа максимално професионални. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите што ја почитуваа ситуацијата“, изјави Енрике.