Летонците ги совладаа македонските младинци на „Анталија Куп“

Младинската репрезентација на Македонија запиша и втор пораз на „Анталија Куп“, овојпат со 0-1 од Летонија, откако вчера Украина ги совлада нашите надежи со 3-1.

Македонските репрезентативци одиграа добри 45 минути, па двете селекции имаа по неколку шанси, но мрежите на двете страни мируваа.

Во второто полувреме Македонија тргна пожестоко и имаше неколку добри шанси кон голот на Летонците, но нашите противници успеаа да искористат грешка на одбраната на Македонија и победија со 1-0.

Македонските надежи наредниот меч го играат против Естонија на 26 март.