Ла Лига ги објави најспектакуларните одбрани на Димитриевски и го нарече – човек-ѕид (ВИДЕО)

Во пресрет на новата сезона во шпанската Ла Лига, чиј старт е закажан за десетина дена, челниците на ова натпреварување на социјалните мрежи објавија видео со најспектакуларните одбрани на нашиот Столе Димитриевски во дресот на Рајо Валјекано нарекувајќи го – човек-ѕид.

Нема некоја посебна причина за вакво потсетување на пантерските реакции на македонскиот репрезентативен голман, поради што ваквата објава е уште позначајна, бидејќи го покажува респектот и реномето кои тој ги ужива во Шпанија.

Димитриевски ќе ја почне петтата сезона во дресот на Рајо, а четврта во шпанската елита, каде што се етаблира како еден од најважните алки во играта, но и како еден од најдобрите голмани во целото натпреварување.