Костадинов конечно даде гол за Ружомберок и во првенството на Словачка

Откако во август годинава ги даде првите два гола за Ружомберок во Купот на Словачка по трансферот од Злате Моравче летово, младинскиот репрезентативец Тихомир Костадинов, конечно се запиша во листата на стрелци и во првенството на Словачка.

Денеска Костадинов го постигна вториот гол на мечот за да ја завери победата на Ружомберок на гостувањето кај Сеница во триумфот со 3-0. Костадинов погоди во 69-та минута од мечот, само две минути откако Хаскиќ донесе водство, шест минути по голот на македонскиот репрезентативец Даниел го запечати триумфот со третиот гол.

Со победата Рожомберок сега е четврти со 22 бода, три помалку од второпласираната Слован Братислава, но дури 11 од неприкосновената Трнава.

Инаку Костадинов пред еден месец даде хет-трик за Македонија во победата со 3-0 на младата селекција против Ерманија на гости.