Кошмарно деби на Евра - цел натпревар беше исвиркуван на „Енфилд“, а заврши со конци на ногата (ФОТО)

Фудбалерите на Вест хем вчера загубија со високи 1-4 на гостувањето кај Ливерпул во рамките на 28 коло во англиската Премиерлига.

Домаќините одиграа уште еден одличен натпревар и стигнаа до лесна победа. А, интересно беше и на трибините на „Енфилд“ од каде му сервираа специјален третман на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Патрис Евра.

Искусниот француски дефанзивец неодамна потпиша за Вест хем, а дебитираше токму на „Енфилд“ каде и баш не го поднесуваат многу, пред сѐ поради инцидентот со Луис Суарез од пред неколку години. Евра беше исвиркуван во текот на целиот натпревар и навивачите му пееја дека е лажго, односно дека не е вистина дека Суарез го навредувал на лажна основа.

Покрај постојаните свирежи и скандирања, Евра заработи и жесток удар поради кој мораше на шиење по натпреварот. Колку беше сериозен ударот покажува и фотографијата која Евра ја сподели со своите фанови на Твитер.