Комерцијална Банка и ФФМ станаа екипа за нови победи

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Комерцијална Банка официјално денеска потпишаа тригодишен спонзорски договор, со што куќата на фудбалот доби трет голем спонзор после Видео Лотарија и Пивара Скопје.

После големиот успех на македонската фудбалска репрезентација со пласманот на Евро 2021, каде летово ќе дебитираме, една од најголемите банкарски гиганти влезе во пулот партнери на ФФМ под мотото Екипа за нови победи.

„Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ да потикне нови успеси и победи, тоа да бидат успеси на деца кои ќе се определат за спорт, одговорност и дисцоплина, за да изградиме уште подобри услови за спорт во земјава. Тоа е мисијата со која Комерцијална Банка влегува во соработка до ФФМ, зошто делиме исти цели и императиви. Посакувам Евро 2021 да ни фонесе многу радости", рече главниот оперативен директор и член на УО на Комерцијална банка, Илија Илоски. 

ФФМ доби нов спонзор за уште повеќе да се зајакне во финансискиот дел, а доби уште еден македонски гигант за поддржувач.

„Горди сме што добивме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности. Исклучително сме среќни што преку оваа соработка имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со настапот на Европското првенство", рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Екипа за нови победи! Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и...

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Wednesday, May 12, 2021