Аргентина ја совлада Венецуела и му оди на мегдан на Бразил (ВИДЕО)

Аргентина лесно ја совлада Венецуела со 2-0 и се пласираше во полуфиналето на Копа Америка. „Гаучосите“ во полуфиналето ќе се судрат со домаќинот Бразил, кој синоќа на пенали го победи Парагвај.

Аргентина на популарната „Маракана“ пред 15 илјади свои навивачи ја победи Венецуела. Лаутаро Мартинез уште во 10. минута постигна погодок за водство, а со овој резултат заврши првиот дел. Во второто полувреме ново влезениот Ло Селсо во 74. минута стави точка на натпреварот. Полуфиналето се игра ноќта во вторник према среда во 02:30 после полноќ. Интересно, „кариоките“ четири пати биле домаќини на Копа Америка и секогаш стигнувале до трофејот.