Како Фалангата збесна по голот на Барди (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска беше клучот за ремито на Македонија на гостувањето кај Словенија, откако го матираше Јан Облак по 180 секунди од стартот на вториот дел на асистенција на Егзијан Алиоски, па освен што ги замолче Словенците на „Стожице“, истовремено го екстаза ја донесе македонската Фаланга на трибините.

Македонските навивачи, кои ги имаше некаде околу 500 на трибините во словенечката престолнина, експлодираа од радост по погодокот на фудбалерот на шпански Леванте, па буквално се превртеа од среќа во тој момент.

Голот на Барди се покажа како решавачки за ремито, иако Македонија имаше можност да стигне и до победа, но завршницата од многуте акции не беше на ниво.