Јаховиќ има нов клуб - новиот турски второлигаш!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Адис Јаховиќ, од денеска има нов клуб и тоа новиот турски второлигаш Бодрумспор.

Станува збор за амбициозен тим, кој минатата сезона дојде до второто по квалитет турско натпреварување преку успешен настап во плејофот. Преговорите на Јаховиќ со Бодрумспор траат подолг период, а најголем проблем беше платата на нашиот фудбалер, кој во почетокот бараше 500.000 евра по сезона.

Македонскиот репрезентативец во изминативе безмалку два месеци беше поврзуван и со Гиресунспор, Самсунспор, Сакаријаспор, Пендикспор, како и со Генчербирлиги и Карагурмук. Тој е поранешен фудбалер и на Коњаспор, Јени Малатија и Анталијаспор.