Италија ја „масакрираше“ Ерменија, Швајцарија и Данска се пласираа на ЕП (ВИДЕО)

Откако и пред натпреварот го заверија пласманот на Европското првенство 2020 година, селекцијата на Италија влезе без императив против Ерменија, но и без тоа, тие ја оправдаа фаворитската улога совладувајќи ја со убедливи 9-1. Ова воедно е највисоката извојувана победа во овој квалификациски циклус.

Дебаклот за гостите започна уште во осмата минута, кога мрежата ја затресе Чиро Имобиле, а една минута подоцна во листата на стрелци се запиша и Николо Заниоло. Потоа следуваше лавина од погодоци во мрежата на Ерменците, а по уште еднаш се запишаа Заниоло и Имобиле, како и Николо Барела, Ромањоли, Жоржињо, Оросини, и Киеза. Единствен стрелез за гостите беше Бабајан.

До крај возбудливо беше на дуелот во Ирска, каде домаќинот не успеа да дојде до победа (1-1) против Данска со која ќе обезбедеше пласман на ЕП. Поради тоа, Данците го чекираа билетот на големиот континентален собир.

Во преостанатите натпревари убедливи победи извојуваа Шпанија над Романија (5-0),  Шведска против Фарски Острови (3-0), Швајцарија над Гибралтар (6-1). Минимални триумфи обезбедија Норвешпа против Малта (1-2) како и Грција над Финска (2-1).