Италија и Шпанија го решија победникот по само едно полувреме

Репрезентациите на Италија и Шпанија имаат убедливо водство (4-0) по првото полувреме на домашен терен во рамки на последното коло од квалификациите за Европското првенство наредната година. Иако натпреварите се без резултатско значење за двете селекции, сепак тие ја оправдаа фаворитската улога, не оставајќи ништо на случајноста.

„Азурите“ водат против Ерменија, а стрелци на погодоците по првите 45 минути се Имобиле (два), Заниоло и Барела.

За „Црвената фурија“ на доелот против Ерменија погодија Морено (два), Руиз и Рус (автогол).

Како и што се претпоставуваше, најнеизвесно е на дуелот помеѓу Република Ирска и Данска, каде по првите 45 минути е без голови. На гостите им за пласман на ЕУРО им одговара се освен пораз.