Илиев направи нова операција на коленото: Ќе паузира неколку месеци (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев ќе го пропушти стартот на новата сезона во Словачка, но и натпреварите на националниот тим во Лигата на Европа поради операција на коленото. 

Познато е дека чуварот на мрежата има доста проблеми со повредите. Тој летово мораше да го оперира менискусот и ќе биде надвор од терените околу три месеци. 

„Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Бениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки моменти! Тешката работа започнува сега ќе се вратам посилен“, нашиша на социјалните мрежи македонскиот голман.

Илиев долги години беше во таборот на Арсенал, но не запиша ниту еден настап за првиот тим на премиерлигашот. Беше на неколку позајмици во Серед (Словачка), Јагелонија (Полска), Шрузбери и повторно во Серед, а од јануари годинава го брани голот на Тренчин во Словачка.