Холандски НОС избра тим на групите на Еуро 2020 и го смести Пандев во најдобрите (ФОТО)

Ноландски „НОС Спорт“ избра најдобар тим на групната фаза на Европското првенство на кое дебитираше Македонија, па во идеалниот тим се најде место и за капитенот Горан Пандев, кој после мечот во Амстердам ја заврши репрезентативната кариера.

Холанѓаните го сместија Пандев заедно со првиот стрелец на турнирот Кристијано Роналдо и чешкиот напаѓач Патрик Шик во нападот на идеалниот тим. Пандев го даде деби голот за Македонија на овој 16-ти континентален шампионат против Австрија во поразот со 1-3, а после 122 меча и 38 гола замина во пензија после последната пресметка со Холанѓаните (0-3).

Во најдобриот тим на „НОС Спорт“ е Робин Олсен на голот, Симон Кјаер, Робин Госенс и Дензел Дамфрис во одбраната, Џорџино Вајналдум, Кевин Де Брајне, Герет Бејл и Мануел Локатели во средниот ред, а Роналдо, Шик и Пандев во нападот.

Пандев е втор македонски фудбалер кој се наоѓа во идеалниот тим на групната фаза во избор на некој медиум, откако вчера англиски „ББЦ“ го смести Езџјан Алиоски во таков идеален тим од првата фаза на Еуро 2020.