„Пандев ќе ни фали, па ќе треба да дадеме и повеќе за да го надополниме отсуството“

Македонија остане без капитенот Горан Пандев, кој замина во пензија после две децении во националниот тим, па новиот македонски селектор Благоја Милевски и селекцијата ќе мора да го надополнат отстуството на најдобриот фудбалер во продолжението на квалификациите.

Пандев се повлече од националниот тим во Амстердам после последниот меч на Евро 2020, а Милевски смета дека сега за таа празнина да се пополни, ќе треба секој дададе и повеќе од максимумот.

„Горан беше категоричен за тоа што го изјави и во мое име можам само да му се заблагодарам за сѐ што направи за Македонија. Не случајно е легенда на македонскиот и европскиот фудбал и на мене е само да ја почитувам одлуката, но и да направам сѐ со стручниот штаб да ја пополниме таа празнина. Фудбалерите ќе треба да дадат и повеќе од максимумот за да го миминизираме отсуството. Секако дека Горан ќе ни фали, но играчите ќе мора да ја надополнат таа празнина, со ангажманот, со тактичката дисциплина. Како тоа ќе изгледа и дали ќе успееме во тоа, времето ќе покаже и ќе видиме“, вели Милевски.