Големо изненадување: Косово ја победи Бугарија среде Софија! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Косово направи огромно изненадување откако ја победи Бугарија на гостински терен во Софија со 3-2. Натпреварот беше возбудлив со пресврти и многу голови. Косово прв поведе преку Решица, но Бугарите возвратија и преку Попов и Димитров го свртеа резултатот. Сепак Косоварите не мислеа да се предадат по со головите на Мурики и Рашани направија комплетен пресврт и стигнаа до голема победа.