Ѓуровски се пензионираше: Најубавите моменти ги минав во Македонија и Муангтонг!

Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски, реши наскоро да ја заврши својата фудбалска кариера, изразувајќи благодарност до клубовите во кои своевремено ја мина кариерата. 

Последната година тој ја мина во редовите на тајландскиот клуб Муангтонг Јунајтед, а претходно беше дел и од Металург Доњецк, Војводина, а за репрезентацијата на Македонија забележа 12 настапи на кои даде два гола, со Азербејџан и Ерменија.

Време е за збогум. Сакам да ги споделам најдобрите моменти во животот. Почнав да играм фудбал кога имав пет години. Минав низ многу земји и сретнав многу луѓе. Едни од најдобрите моменти во мојата кариера ги минав во репрезентацијата на Македонија, како и на Тајланд. Би сакал да кажам благодарам за сите што беа дел од мојата 29-годишна кариера. Моите тренери и соиграчи и клубовите во кои играв. Благодарност до Муангтонг, клуб во кој играв најмногу, како и до навивачите. Одушевен сум од љубовта којашто ја добив како фудбалер, истакна Ѓуровски.