Ѓорѓев: Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата!

Поранешниот младински репрезентативец и член на златната гернерација од Евро 2017, Никола Ѓорѓев повторно е дел од најсилната македонска репрезентација, за која претходно беше повикуван, но во недостаток на низа фудбалери поради повреди и суспензии, а и поради добрата форма во Грасхоперс сега повторно е дел од црвено-жолтите за завршните два евроквалификациски мечеви.

Македонија се подготвува за гостувањето во Австрија, па домашниот меч со Израел во кои репрезентацијата ќе се обиде да освои бодови за да стигне до најдобриот пласман во едни квалификации со трето место.

„Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Немав минутажа во претходните две години, но сега сум среќен што повторно сум дел од оваа екипа. Задоволен сум од формата во која се наоѓам досега, одиграв 15 мча, дадов неколку голови, имам асистенции и ја имам довербата кај тренерот. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука“, вели Ѓорѓев.

Младиот крилен фудбалер конкурира за место во тимот, особено за мечот со Австрија за кој тројца фудбалери се суспендирани (Муслиу, Николов и Несторовски), а веќе четворица стандарни отпаднаа поради повреда (Адеми, Бејтулаи, Алиоски и Тричковски).

„Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да го завршиме циклусит со што е можно подобри резултатати. Не очекувам ништо посебно во моментов, зашто на тренинг треба да покажам што знам, па можеби и ќе добијам шанса. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако знаеме дека се добри, но и ние имаме квалитет и добри фудбалери. Како ќе излеземе тактички ќе видиме, ама трена да сме трпеливи и кога ќе ни се укаже шанса – да ја искористиме максимално“, додава Ѓорѓев.