Гигс си заминува од клупата на Велс?

Велсшката репрезентација има многу мали шанси да стигне до позициите кои водат до Европското првенство. По три одиграни натпревари Велс има само една победа и се наоѓа на четвртото место на табелата.

Пред неколку денови тие беа поразени минимално со 1-0 од Унгарија и според последните информации имало бунт во соблекувалната против селекторот Рајак Гигс.

„Играчите не сакаат да играат  за него. Гигс нема авторитет и неговите тактички решенија покажуваат дека не е дораснат за работата“, вели извор од соблекувалната.

Тоа значи дека многу лесно може да се случи Гигс да остане без работа, а се ќе биде појасно во следните денови.