Македонската футсал репрезентација засилена и со најдобриот хрватски тренер Мато Станковиќ ги започна подготовките за претстојниот почеток на евроквалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година и воведните мечеви со БиХ на гости и со Романија дома.

Селекторот Васко Скендеровски ги собра избраниците и недостига само интернационалецот Зибери, а после 18 години го нема досега незаменливиот капитен Зоран Левески. Скендеровски најави дека од овој циклус ќе се подмладува селекцијата, наместо со натурализација на Бразилци да се изврши смената на генерации.

Првиот меч Македонија го игра во Зеница на 28 јануари, а на 3 февруари сме домаќини на Романија, која има низа „кариоки“ во своите редови. Во групата уште е и првиот фаворит Србија.